Коорганизаторот на овогодинешната Евровизија, која би требало да се одржи од 12-ти до 14-ти мај во Холандија, соопштил дека поради епидемијата на коронавирусот се разгледуваат опции за начините на кој музичкото натпреварување ќе биде организирано.
Портпаролот на холандската телевизија НПО рекол дека организаторите ќе ги послушаат советите на медицинските власти кога ќе одлучуваат за форматот на настанот.
Евровизија секоја година собира неколку илјади луѓе во публиката. Во Холандија засега не се забранети јавните собири.
Иако овогодишното мото на Евровизија е “Отвори се” или “Open Up”, можеби ќе се случи токму спротивното. Некои странски медиуми дури и наведуваат дека Евровизија би можела да се одржи во интернет-формат, поради загриженоста на експертите за заболување на поголем број на луѓе во Европа од коронавирус.
Коронавирусот усмртил повеќе од 2.800 луѓе ширум светот и затворил некои држави и градови, претворил голем крузери во карантини, се одразил на американската берза, а сега, изгледа, и се заканува и на Евровизија, која би требало да се одржи за помалку од 3 месеци во Ротердам, во Холандија.
Аб Осерхаус, виролог и експерт за грип од Холандија, смета дека би било многу непромислено во вакви услови да се организира Евровизија оваа пролет, доколку ширењето на вирусот не се сопре.