Пејачката Киа Коцкар овие денови во медиумите дава изјава со кои ги покрена шпекулациите дека има ново момче.
Имено, во емисијата „Магазин ин“ изјави дека постои некој во нејзиниот живот кој и се допаѓа, а и таа му се допаѓа на него.
Имено, таа истакна дека испратила порака на свој близок пријател и му признала дека има симпатии кон него, а тој исто така и одговорил дека и се допаѓа.
Тогаш водителката Сања Маринковиќ ја праша Киа дали има ново момче, таа кажа дека не, дека не кажала нешто такво, но водителката истакна дека лаже и честиташе на нејзината нова љубов.
За блиц.рс, Киа откри дали повторно е заљубена.
„Малку се шегувавме во таа емисија. Важно е дека сум среќна, а тоа не мора да биде поврзано со мојот емотивен живот. Искрено, тоа сакам да го задржам за себе“ вели Коцкар.
За потсетување, Киа беше во брак со Слободан Радовановиќ кој ја изневери Киа со Луна Ѓогани.