Радио Милева

На Милица Павловиќ и се слошило среде ресторан: „Не можеше да стои на нозе“

На Милица Павловиќ и се слошило среде ресторан: „Не можеше да стои на нозе“

Младата пејачка Милица Павловиќ била на ручек со пријател, а иако на почетокот уживала во сонцето и кафето, во еден момент толку многу и се слошило, па за да не се онесвести морала да пие лек, пишува ало.рс

„Милица беше многу расположена и се смееше. Нарача кафе и цело време разговараше со пријателот. Културно разговараше и со пријателот додека се мислеше што да нарача за јадење“  вели изворот кој бил на лице место.

фото: инстаграм

„Во еден момент забележавме дека пријателот кој седеше со Милица почна да пребарува по работите, а Милица не изгледаше добро. Милица побара чаша вода од момчето кој ги служеше, но бидејќи тој не ги слушна, таа стана и тргна кон него. Сепак, изгледа дека поради наглото станување и беше уште полошо затоа што едвај стоеше на нозе“ вели изворот.

„Келнерот веднаш и даде чаша со вода, а таа го испи апчето и продолжи да се лади. Изгледаше исцрпено, а пријателот и препорча да пие овошен сок за да ја врати силата. После тоа слушавнем дека е многу изморена и дека е лошо бидејќи малку спие“ објаснува соговорникот.

Пријателот на Милица откри зошто и се слошило.

фото: инстаграм

„Ми кажа за таа ситуација во ресторанот, точно е дека и беше лошо поради тоа што е изморена. Три дена нема спиено бидејќи е зафатена околу работата“ вели пријателот на пејачката.

По оваа ситуација, Павловиќ размислила за своето здравје и одлучила да се одмори. Во следниот период пејачката подготвува дует и планира да ги изненади фановите.

To top