Александра Пријовиќ важи за една од најпопуларните пејачки во регионот, а публиката имаше прилика да ја гледа и во серијата „Убијците на мојот татко 4“.
Таа вели дека никогаш не помислила дека ќе се најде во некоја серија, но дека благодарение на професионалните актерки успеа да се снајде во улогата.
За ало.рс, Пријовиќ вели дека најтешко и паднале емотивните и секси сцените, а дека актерот Бане Томашевиќ многу и помогнал.
„Кога првпат дојдов на сет, не знаев што ме снајде, но од првиот ден сите актери беа прекрасни кон мене и имаа разбирање. Не можев да замислам да се бакнувам со некој кој не е Филип, па дури на филм. Ми беше срам да се гушнам со него, да се мазиме, букавално паничев“ вели пејачката и додава:
„Сите се потрудија да ме опуштат и да ме смират, па дури и Филип. Тој ми даваше совети како да се опуштам и што да правам, но додека сама не сфатив ништо не ми помогна. Инаку, Бане е вистински професионалец и да не беше тој немаше да ги завршам своите сцени, но ми помогна и Вук, тој е вистински цар“ вели Александра.
Пријовиќ откри што и кажала Брена за нејзината улога во филмот.
„Кога се емитуваше првата епизода Брена ми кажа дека одлично глумам и дека е горда на мене. Брена исто така играше во филмови, па ми даде неколку совети“ вели пејачката.
Неодамна во медиумите се појавија шпекулации дека Брена и Александра не се во најдобри односи по нивното патување на Тајланд.
„Секој ден читам дека не сум во добри односи со Брена. Тоа се глупости. Таа е прекрасна жена, ја сметам за своја блиска пријателка, близок член на семејството. Секој ден сме заедно, доаѓа кај нас дома, се дружиме, излегуваме. Ја обожавам нејзината енергија. Функционираме како нормално семејство, а луѓето сешто ќе зборуваат, но јас веќе се помирив со тоа“ вели сопругата на Филип Живојиновиќ.