Радио Милева

Со денови се чувствувала малаксано: Српската пејачка се тестирала на коронавирус

Со денови се чувствувала малаксано: Српската пејачка се тестирала на коронавирус

Главна тема во сите медиуми во периодов е коронавирусот, па многумина се плашат од пандемијата.

Докторите и експертите препорачуваат да се остане дома и да се почитуваат мерките за заштита.

Според пишувањата на српските медиуми, пејачката Јасна Миленковиќ Јами се посомневала дека има корона, па веднаш се тестирала, а тестот бил негативен пренесува „ало“.

фото: Инстаграм

Како се пишува, таа се плашила за своето здравје бидејќи во последно време често патувала.

„Се плашеше дека е заразена бидејќи со денови се чувствуваше малаксано, тешко стануваше од кревет, кашлаше и киваше. Сфати дека станува збор за сериозна работа и следното утре се јави во службата, објасни дека има исти симптоми како и заболените од корона и дека сака да се тестира“ вели изворот и додава:

фото: Принтскрин/инстаграм

„Отиде во една институција каде што се тестираат заболените од корона. Изгледаше многу лошо и беше сигурна дека тестот ќе е позитивен. Сепак, тестот беше негативен, а таа од среќа заплака среде болница“ вели изворот.

Иако нема корона, Јами ги почитува сите мерки за да се заштити себе.

To top