Лејди Гага одлучила да биде во самоизолација со своите кучиња, а за време на короната одлучила дека не сака да ги гледа своите родители, како ни својата баба и дедо.
Поп пејачката на својот „Инстаграм“ објави дека не се чувствува добро и со фановите сподели фотографија на која позира со своите миленичиња.
„Разговарав со некои доктори и научници. Знам дека на никој не е лесно, но најпаметно е во овој период да не се дружиме со луѓе повозрасни од 65 години“ напиша Гага.
„Сакам да ги видам своите родители, но многу посигурно е тоа да не го правам ако во случај имам корона. Останувам дома со своите кучињата“ додава таа.
„Ве сакам, ќе се извлече од ова. Верувајте ми, разговарав со Бог, кажа дека се ќе биде во ред“ се пошегува пејачката.
Во светот од корона се заболени 160 000 луѓе, а во Македонија 13.