Радио Милева

Сека Алексиќ лута на колегите: „Короната не е за да се исмејувате“

Сека Алексиќ лута на колегите: „Короната не е за да се исмејувате“

Овие денови главна тема во сите медиумите е коронавирусот кој владее во светот, а луѓето се во паника додека државите преземаат драстични мерки за зашитата.

Пејачката Сека Алексик се налути на одредени колеги кои започнаа да се шегуваат на ова сериозна тема.

Имено, Славица Чуктераш и Љуба Перучица отпејаа песна за короната, па Сека веднаш се огласи на „Инстаграм“.

фото: инстаграм

„Моментално секој е чувар на своето здравје онолку колку е одговорен кон себе  и другите. Заштите се себеси и луѓети околу вас. Не е секоја ситуација за исмејување, некои работи треба да се сфатат сериозно и одговорно“ вели Сека.

фото: инстаграм

Пејачката не ги спомна двајцата колеги кои се исмејуваат на коронавирусот. Веднаш се јавија и фановите, па имаше различни мислења. На некои има им е забавно што Славица пее за вирусот, додека пак на други не се допаѓа што пејачите во оваа кризна ситуација се исмејуваат на коронавирусот.

Иако Сека не им де обрати директно на своите колеги, многумина мислат дека таа мислеше токму на Чуктераш и Перучица.

To top