Актерот Орландо Блум се огласи од Прага и откри дека поради корона вирусот е откажено снимањето на серијата „Carnival Row“.
Холивудскиот актер на „Инстаграм стори“ објави кратко видео во кое вели дека тој и неговата екипа ќе си одат во своите домови.
„Ова е довидување од нас бидејќи одиме дома во карантин. Одиме дома во САД, барем јас одам дома бидејќи сакам да стигнам пред карантинот. Среќно на сите, бидете безбедни, во изолација. Ова изгледа лудо, но правете ја вистинската работа и вие и вашето семејство ќе бидете безбедни“ изјави Орландо.
Светската здравствена организација прогласи пандемија на коронавирусот.