Радио Милева

Аргентински музичар почина како последица од корнавирус

Аргентински музичар почина како последица од корнавирус

Аргентинскиот музичар Марсело Пералта почина како последива од коронавирус во Мадрид, пишуваа телеграф.рс

Тажната вест ја потврди и неговиот пријател и колега Гиљермо Бачола.

„Жал ми е што морам да ве известам дека почина мојот пријател Марсело Пералта. Секој кој имаше прилика да го запознае беше воодушевен. Марсело беше еден од моите најблиски пријатели. Се запознавме во 1982 година, а бевме разделени бидејќи тој беше во Мадрид, а јас во Буенос Аирес. Тажен сум, но морам да ви ја пренесам веста“ напиша Бачола и апелираше до луѓето да го чуваат своето здравје.

Марсело Пералта е роден во Буенос Аиерес во 1961 година. Студирал калавир и музичка теорија, а во 1979 година доби сертификат за професор по музичка култура.

To top