Радио Милева ќе каже и што не знае...

Маја Беровиќ влегува во реално шоу за половина милион евра: Пејачката за тие пари подготвена да ја раскринка српската естрада!

Маја Беровиќ влегува во реално шоу за половина милион евра: Пејачката за тие пари подготвена да ја раскринка српската естрада!

Пејачката Маја Беровиќ снима ријалити во кое ќе го открие нејзиното вистинско лице. Најплатената пејачка на естрадата, наводно, се согласила да ги открие сите нејзини тајни за половина милион евра.

„Маја на почетокот била скептична кога слушнала за што станува збор, но кога продуцентите и рекле дека се подготвени да издвојат вистинско богатство за да ја имаат во нивното шоу, таа се согласила. Се договориле наскоро да се видат и да ги прецизират деталите“ – вели близок извор на пејачката и продолжува:

Маја треба преку своето ријалити да ги открие сите нејзини тајни. Планот е да снимаат по 10 часа секој ден.

Во шоуто ќе земат учество и луѓето од приватниот живот на Маја.


„Во ова ријалити ќе се најдат нејзиниот сопруг Ален, како и нејзините пријатели, познатите Џала Брат и Буба Корели. Таа е подготвена да открие кои колешки и ставале сопки зад грб, како и сите детали за конфликтот со Саша Поповиќ“ – завршува изворот.

To top