Цеца Ражнатовиќ е во главниот град на Бугарија, а таму се дружеше со стариот познаник, колегата Азис.
Пејачот видно расположен ја дочекал Цеца и не сокрил дека му е многу драго што ја гледа по многу време, пишува српски Блиц.
Фолк дивата му откри дека Анастасија е воодушевена од неговата песна „Мотел“, што пријатено го изненади.
-Азис е многу креативен музичар. Како во Бугарија, така и на Балканот, неговата музика е популарна. Азис и пониди да и направи песна за следниот албум, а таа идеја на Цеца и се допадна. Дружењето меѓу нив двајцата траеше, вели извор близок до пејачката.
Потсетуваме, Цеца кон крајот на годината треба да го промовира својот 17-ти албум во својата 30 годишна кариера.
фото:blic.rs