Овагодинешното издание на Евровизија ќе се одржи во Ротердам, Холандија, а Васил Гарванлиев со песната „You“ ќе ја претставува Македонија.
Официјалната промоција на песната се случи на „8ми март“ кога нумерата беше објавена на „Јутуб“.
Автор на музиката е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.
Видеото за „Yоu“ го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.
Досега видео записот има околу 289 149 прегледи на „Јутуб“, а ова се првите коментари на социјалните мрежи.
„Целиот процес на танцување беше да се заведе шанкерот“, „Добро, ќе го испратиме со шанкер“„Ова видео наликува на евровизиската песна на Швајцарија 2019“, „Конечно добра песна на Евровизија“, „Одлична песна, поздрав од Загреб“, „Македонија никогаш не ме разочара бидејќи имаат добра песна. Ве молам не ја уништувајте сцената“ се некои од коментарите на Јутуб.
Додека пак на „Инстаграм“ некои ја поддржаа песната, некои не.
„Македонија до победа. Љубов од Германија“, „Извини ама не“, „Песната е кул, со среќа од Ротердам“, „Песната е многу добра“, „Оф Боже, одлична песна ТОП 5“.
За потсетување, претходната година Васил беше придружен вокал на Тамара Тодевска кога ја претставуваше Македонија со песната „Proud“.