Блиска роднина на Милица Тодоровиќ откри дека пејачката има здравствени проблеми и наводно, планира да се лекува во странство.
„Мика веќе подолго време има проблеми со хормоните и тироидната жлезда, а бидејќи терапијата што ја прима од лекарите во Белград не и помага, сè повеќе размислува и се распрашува за клиники во Лондон или Берлин кои се ефикасни за лечење на таа дијагноза“, пренесува српски Скандал.
„Милица е цврсто решена да одмори неколку месеци и да го реши проблемот со тироидната жлезда кој ги нарушува нејзините хормони, што пак предизвикува таа да има проблем со бременоста“, открива роднината и додава:
„Таа се распраша за сè, ги дозна деталите од некои свои колеги кои оделе на истите места за да се лекуваат и да го решат проблемот без компликации. Тоа се инаку светски познати лекари за ендокринологија, така што Мика треба само да се реши конечно да пресече кога би заминала.
„Таа би сакала да има дете со Петар, а тоа ќе биде поизвесно откако ќе ја помине фазата на лекување. Третманот чини помеѓу 10. 000 и 30. 000 евра, но Милица е решена и не жали пари“, заклучила роднината.