Судијката Луција Ласиќ ја тужи Северина поради наводните навреди кои пејачката ги изнела на нејзина сметка.
„Не знам зошто се чудим зошто ова се случува кога во оваа држава ни жените ниту девојчињата немаат судска заштита и поддршка за физичко силување. Слично силување поминав и самата на судот во Сплит и тоа во судската постапка за одземање на старателството на синот кај судијката Луција Ласиќ“ се изјавите поради Луција ја тужи Северина, а пејачката ги изјави на концференцијата за медиуми во октомври 2019 година.
Луција на 28 февруари одлучила во Општинскиот суд во Загред да поднесе тужба против Северина за нарушување на честа и барала оштета од 3 000 евра.
На седницата која се одржала на 19 февруари судијката побарала изземање од случајот, но изеземањето било одбиено.
Луција повторно побарала изземање со образложение дека започнала постапка за наштетување против едната странка, односно постапка против Северина.
За потсетување, на 28 ноември 2018 година судот во Загреб донесе одлука да и се одзмеме старателството на Северина над нејзиниот син Александар и пејачката веднаш мораше да го предаде синот на нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ.