Во последниот период постојано кружат гласини за Бред Пит и Џенифер Анистон, а се пишува дека тие се повторно заедно и планираат во јуни да запливат во брачните води.
Меѓутоа, сега странските медиуми пишуваат дека Бред Пит е главната причина за повторно собирање на актерите од серијата „Пријатели“.
Како што се пишува, Џенифер откако се колебала дали се врати во серијата, актерката побарала совет од поранешниот сопруг.
Имено, кружат гласини дека актерката се дистанцирала од тимот на „Пријатели“ и наводно не сакала да биде дел од актерската постава.
Меѓутоа, изгледа Бред конечно успеал да ја убеди својата поранешна сопруга да каже “да“ на своите колеги од „Пријатели“.
„По дружењето со Бред на нејзиниот роденден претходната година, таа го замали за совет.Тој и кажа дека треба да покаже почит на нивниот успех и дека фановите се уште ја гледаат серијата“ вели извор за „Closer Magazine“, па наводно токму поради зборовите на Бред, Џенифер прифатила да биде повторно дел од серијата.
Парот не се огласи по повод пишувањата дека повторно се заедно.