Радио Милева

Ана Николиќ уплашена од коронавирусот: Пејачката купила маска од 200 евра, а размислува и да ги откаже настапите

Ана Николиќ уплашена од коронавирусот: Пејачката купила маска од 200 евра, а размислува и да ги откаже настапите

Пејачката Ана Николиќ на сите настапи оди со хирушка маска бидејќи се плаши од вирусот кој владее во светот.

Екипата на „Папарацо лов“ ја сними Николиќ на аеродором кога тргнала на настап во Виена.

фото: принтскрин/јутуб

„Ана многу се плаши од корона. Затоа каде и да оди носи маска, а посебно е внимантелна кога патува во странство. Ми кажа дека размислува да ги откаже сите настапи и да не се појавува на места каде што има многу луѓе. Се плаши и од мала настинка“ вели добро известен извор за „Информер“ и додава:

фото: принтскрин/јутуб

„Затоа со маска тргна на настап во Виена. Додека на аеродром чекаше на пасошка контрола на пријателките им раскажа дека нон – стоп пие чаеви и користи витамини бидејќи тоа е најдобар начин да го зајакне имунитетот“.

Како што пренесува овој медиум кога Николиќ пристигнала во Виена купила подобри маски.

фото: принтскрин/јутуб

„Веднаш замина во аптека. Купи специјални хируршки маски кои ги плати 200 евра. Другарка и кажа дека паничи без причина, но Ана и одговори дека не сака да ризикува. Многу е загрижена и за нејзината ќерка Тара. И на неа и става маска кога ја изнесува од домот“ вели изворот.

За потсетување, пејачката неодмана издаде три нови песни кои наидоа на одличен прием кај публиката.

To top