Миа Костова деновиве заврши трауматично во Охрид, кога за нејзиното влошено здравје интервенираше и брзата помош.
По немилиот настан поминаа речиси две недели, но Миа сега вели дека е исплашена и чувствува паника кога седи во гужва и затворен простор.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/za-mia-kostova-vikendot-vo-ohrid-zavrshi-traumatichno-a-za-malku-kje-zavrsheshe-fatalno/
Taa открива дека во еден од рестораните на Свети Наум изгубила свет пред синот, мајка си и другарка. Во таква состојба била околу две минути, по што ја освестиле насобраните околу неа, а потоа интервенирала и брзата помош.
-Не знам како ме вратиле, имаше многу луѓе околу мене кога се освестив. Ми ја отварале устата, веројатно и јазик сум проголтала. Ми раскажаа дека сосема сум помодрела. Само земав воздух одеднаш и се разбудив, вели Миа за „Женски магазин“.
Миа сега се чувствува добро и поворно ги извршува своите бројни секојдневни активности, само што сега до нејзиниот мозок стигна лекција која не само што се учи, туку не се заборава и се применува секој ден – дека здравјето е пред се’!