Некогашната македонска водителка Мелита Ракиќевиќ постојано е активна на социјалните мрежи каде што често знае да објави разголени фотографии, а во прв план се нејзините атрибути и со тоа да ја разбуди машката фантазија.
Некои следбеници често знаат да ја критикуваат поради нејзините објави, некои обожаваат што објавува, некои коментираат дека користи фотошоп….
Така неодамна повторно се разголе и повторно ги покажа нејзините бујни гради, а следбениците сигурно повеќе гледале во нејзините атрибути отколку на некое друго место.
Многумина од јавните личности за уредување на своите објави знаат да користат разни апликации за поправање на недостатоците или да користат фотошоп, а оние кои не се баш вешти во тоа, знаат самите да се уништат.
Па често, корисницните на социјалните мрежи знаат да удрат по јавните личности и да ги критикуваат за користење на фотошоп.
Така деновиве, екс водителката одлучи да им ја затвори устата на оние кои велат дека ја користела оваа програма.
Расната убавица во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија на која е во краток шорц, па ја поткрена блузичката и го покажа голото стомаче, а во описот напиша:
„Еве ви одговор за фотошоп, 52 килограми“ напиша Ракиќевиќ.
Инаку, во последно многу од јавните личности се фрлија на вежбање и „билдање“ на кондиција, па многу од нив може да ги видиме во теретана или како вежбаат во домашните услови подготвувајќи се за летото.