Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во Сплит.
Според информациите од хрватските медиуми, загинатиот маж е познатиот пејач, фронтменот на групата „Smile“, Игор Нешиќ.
„Сношти трагично не напушти нашиот драг колега, пејачот на бендот “Smile”, Игор Нешиќ. Драг колега, сега пеј и галопирај по бескрајните небесни патеки и почивај во мир. Сочувство до семејството, објавија неговите колеги на Фејсбук.
Како што се наведува, несреќата се случила во 00: 45. Освен што беше музичар, Игор беше и инструктор по јавање.
Извор: Курир.мк
Фото: 24 часа.хр принтскрин