Откако се повлекоа од кралското семејство, Меган Маркл и принцот Хари до крајот на март ќе ги завршат сите кралски должности, а еден нивен пријател откри како нивниот парот се носи со последиците.
Како што пишуваат медиумите, Хари моментално се занимава со своите последни кралски должности, а заедно со синот Арчи ќе се врати во Канада на последниот ден од месецот.
„Тој никогаш сакаше да биде во центарот на вниманието, со повлекувањето го постигна тоа, но тоа значи и да го напушти кралското семејство“ вели неговиот пријател.
Наводно, принцот на своите пријатели им кажал дека губењето на титулата е мала цена која морал да ја плати со оглед на тоа што ќе изгуби кога ќе се повлече од семејството.
Хари и Меган за неколку дена ќе се сретнат со семејството, а тоа ќе биде првпат да се соберат откако Меган и Хари се повлекоа.