Радио Милева вистинска љубов - погрешен човек?

Антониа Гиговска јавно му изрази љубов на момчето, а тие под текстот наместо со Иван Јованов и ставија слика со Милан Станковиќ?! (ФОТО)

Антониа Гиговска јавно му изрази љубов на момчето, а тие под текстот наместо со Иван Јованов и ставија слика со Милан Станковиќ?! (ФОТО)

Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска освен тоа што деновиве е актуелна со новата песна „Крива сум„ авторско дело на Дарко Димитров, таа не престанува да изненадува со нови  фотографии на социјалните мрежи.

Не тајна ниту нејзината врска со пејачот на „Либеро бенд“, младиот Иван Јованов, со кого се речиси неразделни кога немаат обврски околу музиката.

Гиговска има зголемен број ангажмани, особено студиски, заради кои Антониа како што самата вели, буквално „спие“ кај Дарко Димитров во студио, за да ги снима  бек вокалите за сите српски изведувачи со кои тој работи, како што се Ана Николиќ или Луна Ѓогани, на пример.

Иван од друга страна е се’ позафатен со својот бенд, заради бројните настапи на ноќните свирки по клубовите и дискотеките низ Македонија… Можеби токму заради ваквата „одвоеност“ или поточно: малку слободно време истото да се помине заедно со саканиот, Антониа почувствувала потреба своите емоции да ги искаже на малку поинаков начин. Отворено, јасно и гласно, јавно преку социјалните мрежи.

Така, пејачката на својот Инстаграм споделила заедничка фотографија со својот сакан, па покрај неа љубовна посвета од дното на срцето:

„Се сеќавам, беше многу оддамна. Имаше искри помеѓу нас и тогаш, но само оддалеку. Не знаевме дека ќе бидеме заедно, дека обајцата сме исти во секој поглед, не само затоа што двајцата мелтаеме за (музиката и пеењето), туку изаради нашите сродни души. Немав прилика за ова… Јас само ова го чувствувам од ден на ден. Како и првиот ден. Те сакам“ – отворено ја изразила својата љубов кон своето момче младата македонска поп пејачка.

Деновиве Гиговска одново интересна медиумите. Така во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“, Антониа зборуваше за новата песна, соработката со Димитров, а играше и „Музичка опструкција“.

Затоа пак, колегите од еден македонски забавен портал, сакајќи да ја пренесет нејзината „јавно изразена љубов“ кон момчето,  за малку јавно што не ја „упропастија“!?

Имено, Антониа Гиговска јавно му изрази љубов на момчето, а тие го пренесле споделениот Инстаграм пост на пејачката, ама под текстот наместо со Иван Јованов и ставиле фотографија со Милан Станковиќ?! Со српскиот пејач и член на жирито на „Пинковите ѕвездички – Ол Старс“, кој беше особено близок со неа, додека таа се натпреваруваше во ова регионално музичко талент шоу, па дури се шпекулираше и за „хемија“ меѓу нив и наводна „емотивна блискост“, која никогаш не беше потврдена!

Можете да замислите што ќе рече сега Антониа и особено Иван Јованов на сето ова?!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/antonia-gigovska-otkri-vo-kakva-relacija-so-milan-stankovikj-foto/

To top