На 20-22 март во хотел Мериот во Скопје се најавува најновото издание на Моден викенд Скопје.
Секој пат, за најавата на настанот, односно за фотографиите за социјални мрежи, билборди, видео, работат манекенки кои се искусни во тоа.
Годинава за промена, наместо манекенка, организаторите избраа тоа да биде една наша позната пејачка на која модната писта и позирањето не и се непознати, бидеќи неколкупати учествувала и чекорела на писта за хуманирарни цели.
Станува збор за пејачката и поранешна претставничка на Евровизија, Јана Бурческа, која изгледа одлично во најавното видео на Модниот викенд во Скопје.
Јана носи впечалив фустан врз кој има црн корсет, додека на носете е во рамни чизми. Урбаноста е во прв план, а тоа се гледа не само од изгледот на Јана, туку и од избраната локација за реализација.
Погледнете дека ако не беше пејачка, Јана ќе беше совршена манекенка или модел.