Сцената од физичката пресметка помеѓу Ким и Кортни Кардашијан привлече најголемо внимание во новата најава на ријалити шоуто „Keeping Up With The Kardashians“.
Меѓутоа, анонимен извор сега тврди дека таа сцена била лажирана за да се создаде драма околу шоуто.
„Тоа не прерасна во ништо друго освен во шоу и Ким всушност не ѝ удри шлаканица на Кортни. Сè е преувеличено поради телевизијата за да се направи драма“, вели изворот за „The Sun“.
„Тие всушност не се мразат и нивната мајка Крис никогаш не би дозволила да бидат навистина насилни. Понекогаш се расправаат бидејќи Кортни е љубоморна на успехот на Ким и вистина е дека Ким смета дека Кортни не му дава ‘тежина’ на ова шоу“, објаснува изворот.
Нетрпеливоста помеѓу сестрите првпат се појави на крајот на претходната сезона кога Кортни објави дека сака да се повлече од серијата и да му посвети повеќе време на нејзиното семејство.