Наводно, Луна Ѓогани повторно ќе влезе во „Задруга“, но она што се шпекулира е колку време ќе остане во реалното шоу, пишува телеграф.рс.
Имено, се зборува дека Ѓогани прифатила да влезе во „Задруга 3“ за четири месеци, а истиот период да добие 100 000 евра. Други пак зборуваат дека Луна ќе влезе во реалното шоу во април и ќе остане две недели.
„Луна доби понуда од Пинк, но се уште не се знае која понуда ја прифатила. Едни велат дека и е платено 100 000 евра за четири месеци, други велат дека ќе влезе на две недели и ќе добие голем хонорар“ вели изворот.
Она што ќе биде интересно да се види е нејзиниот однос со Марко Миљковиќ со кој тврди дека повеќе не е во врска.
За потсетување, Ѓогани победи во втората сезона на реалното шоу.