Радио Милева што мислела трезна, пијана „пропеа“...

Индира Радиќ пијана ги озборуваше колегите, па изјави: „Се гледам со Здравко Чолиќ“

Индира Радиќ пијана ги озборуваше колегите, па изјави: „Се гледам со Здравко Чолиќ“

Фолк ѕвездата Индира Радиќ разговарала во живо на својот Фејсбук профил пред неколку дена со композиторот Горан Ратковиќ Рале, па ненамерно откри многу пикантерии од естрадата, меѓу кои и неколку за најголемите ѕвезди како Брена, Чола, Ален Исламовиќ…

Имено, пејачката била во елемент, а како и не би, кога во рака постојано имала чаша црвено вино, во која повремено дополнувала повеќе и повеќе… Таа пеела, а меѓу песните што ги барале нејзините обожаватели, се присетувала на анегдоти поврзани со нејзиното естрадно минато, но и сегашноста. Разговорот траеле повеќе од еден час, и за тоа време тие допреле  многу теми за кои претходно не се знаело.

Така рале тврдел дека Брена постојано лаже дека ќе се повлече од естрадата. Уште на 40 години го тврдела тоа, па на 50, а сега ветила дека тоа ќе го стори по 60-тата.

Потоа Индира открила зошто повеќе не ја викаат да пее на некои места како на пример во Минхен или зошто не настапува во Македонија.

Имено, откако во Минхен таа требало да настапува заедно со Ален Исламовиќ, Рале и Ален се изнапиле, па Индира излегла сама на сцена да пее на матрици, а тие наместо нејзиниот и го пуштиле репертоарот на Ален, при што пробала да ги пее неговите песни, ама то било смешно, по што настанал хаос. Оттогаш повеќе не го викнале.

А во Македонија Индира вели дека  не настапува, затоа што некој и останал должен цели 26.000 евра?

Но најинтересна е нејзината видеокомуникација со композиторот нво која се споменува Здравко Чолиќ.

Индира: Па, Чола е легенда. Редовно се среќаваме низ Калемегдан.

Рале: Калков Калемегдан (се смее)! На Кошутњак, жено, кај го гледаш  Калемегдан?

Индира: Па, нема да откријам каде одиме. Сега веќе не треба да се состануваме на Кошутњак ноќе. Откри сè.

 

 

 

 

To top