Неодамна Дарко – Спејко го смени изгледот. Но, не со естетска, туку со берберска корекција, па прво брадата, а потоа и долгата коса отидоа во „аут“. Нова фризура, нов имиџ, како да е нов човек… Познатиот кумановец сега изгледа сосема поинаку. Брадата полека ја врати, а новата фризура доби фризерски зафат познат како ондулација, па сега „Големиот Брат“ има виткана, кадрава или брановидна фризура, како сакате наречете ја…
Спејко остана должен да открие што го натера на таква драстична промена на изгледот? Дали проблематичното одржување на долгата коса, потребата за промени од чиста здодевност или некоја женска сугестија го натераа кумановецот да смени имиџ, остана тајна. Како што остана мистерија и неговиот љубовен живот по распадот на врската со модната блогерка и модел, атрактивната струмичанка Љупка Митрова. Љубовна романса која толку беше изложена на увидот на јавноста, што можеше да се напише некоја нова, македонска верзија на „Ромео и Јулија“, ама…
Спејко потоа официјално остана соло… Се слушаше се’ и сешто за него, се појавуваа фотографии и од фотосесии и приватни со одредени девојки, ама офоцијално – и натаму ерген. Осамен пастув во потрага по својата нова ждребица!
И токму кога помисливме дека кумановецот „стагнира“, се појави нова фотосесија и нова сомнеж. На неа Спејко со нова партнерка… Македонско девојче, добро познато на јавноста, а и нему.
Убавата и слатка, а во истовреме привлечна и пожелна штипјанка, 23 – годишната Марија Јовева, македонски модел позната под уметничкото име Марис Џолин (Мaryse Jolene).
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/video-ovaa-seksi-shtipjanka-gi-budi-site-setila-nejzinoto-zeshko-video-kje-go-gledate-vo-zanes/
Сме ја гледале во реклами, модни фотографии, каталози, модни едиторијали, музички видеоспотови… Слатка и привлечна – облечена, жешка и возбудлива кога е соблечена, кадравата Марис е новата партнерка на Спејко, која заврши во неговите прегратките… Барем на модните фотографии на кои заедно рекламираат спортски парчиња облека.
Но дали во погледите на обајцата има нешто повеќе од „професионален однос“ или сепак сето тоа е само работа. Спејко е добра прилика, шанса што не се пропушта ако ти се укаже, вистински магнет за девојките, а од друга страна младата штипска убавица е една од оние на кои тешко може да им се одолее. Особено што на Спејко манекенките и моделите му се „слабост“.
Впрочем така се’ почна и со Љупка… Спејко и Марис се знаат оддамна, уште од времето кога таа се појави во видеото „Осамнеа“ на неговиот неразделен „кумановски брат“ – Тајзи. Но, тогаш Спејко беше токму со Љупка… Сега е соло. Или можеби веќе не е?
Можеби Дарко – Спејко има нова девојка? Рековме, нему топ моделите му се слабост… Или сепак, оваа убавица му е само за „службено“?