Наводно, Миљана Кулиќ пред да се врати во реалното шоу се јавила кај свршеницата на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ. Миљана и се заканувала на Марина сама да се тргне од пејачот.
Наводно, кога Кулиќ дознала дека Лазиќ се преселил во Нови Белград изнајмила стан во близна на домот на пејачот, па наводно и порачала на Марина дека „тој ќе биде само нејзин и да ја слуша што зборува“.
„Кога Марина беше избракана од Задруга поворно му фрли око на Дарко. Дозна во која населба живее, па изнајми стан во негова близина и се распрашуваше за неговиот мобилен телефон. Некако успеа да пронајде број од Марина и веднаш и се јави: „Марина ти ли си? Овде е Миљана Кулиќ. Знам дека изнајмивте стан во Нови Белград, јас сум ви во близина. Подобро ќе ти биде сама да се тргнеш од Дарко, тој ќе биде само мој. Слушај што ти зборувам, немој после да се жалиш“, вели за ало.рс добро известен извор.
Марина се обидувала да ја смири задругарката која со години беше заљубена во Лазиќ.
„Марина не паничаше, се обиде да ја смири Миљана и кажа дека таа и Дарко ја обожаваат и ќе гласаат за неа доколку се врати во реалното шоу. И вети на Миљана дека кога ќе заврши со „Задруга“, ќе го запознае синот Алексиј со Жељко. Миљана во тој момент се освести и го прекина разговорот“ вели изворот.
Гагиќ веднаш го побарала Дарко кој бил на настап во Германија.
„Дарко успеа да ја смири Марина, и кажа дека Миљана им се јавува на пејачите и дека се обидува да ги исплаши, но тоа само се празни закани“ објаснува изворот.