Македонската фолкерка Сања Цинцева, на естрадата попозната како Сања- Барбика, решила од корен да го смени животот… и кариерата! Сексапилната фолкерка брзо свати дека Гранд и Пинк ѕвезда не се станува туку така, па затоа, прво реши да го дотера својот имиџ.
Барби има другарка фризерка, која беше првата што ја мотивира за промени на својот визуелен изглед, па логично, прва на ред и беше фризурата. Така фолкерката преку ноќ од заводлива русокоса, стана секси бринета!
Оттогаш на Барби како да и тргна со промените. Го напушти и спортскиот стил на облекување, па јакните, дуксерите и спортските маички ги заменија елегантните фустани и костимите.
Сега на ред дојде маникирско-педикирското разубавување на згодната струмичанка, па Барби се обрати на вистинското место.
Резултатот – мрак! Страв и ужас… во буквална смисла! Пејачката доби нокти какви што никогаш немала до сега. „Мираж“ комбинација со хорор апликации… Да се разбереме, не дека не изгледаат добро и далеку од тоа дека се непрофесионално изработени, напротив! Изработката е врвна, ама асоцијацијата е страшна!
Останува нејасно по кој повод Барби се одлучи за вакво уметничко дело на своите нокти? Струмичкиот карневал помина, а првоаприлскиот маскембал е се уште далеку?