Војин Ражнатовиќ, синот на починатиот Жељjко Ражнатовиќ Акран од првиот брак, не е во најдобри односи со вдовицата на неговиот татко Цеца Ражнатовиќ, ниту со неговиот полубрат Вељко и полусестрата Анастасија.
Постариот Ражнатовиќ, кој живее во Америка откако беше убиен неговиот татко, ги следи настаните во Србија и честопати коментира за својот помлад брат.
Така, сега тој се огласи на Инстаграм каде ги замоли своите следбеници да го остават на мира и да не му праќаат фотографија од дипломата на Вељко.
„Ве молам, престанете да ми праќате фотографии од престижни дипломи на Ражнатовиќ во инбокс. Знам, вистинска е и валидна“, напиша Војин помалку цинично.
За потсетување, Вељко стана дипломиран економист на колеџот за применети и правни науки Прометеј во Бања Лука.