Радио Милева

Емина Јаховиќ се врати од Милано, па проговори за корона вирусот: „Ми беше срам!“

Емина Јаховиќ се врати од Милано, па проговори за корона вирусот: „Ми беше срам!“

Целиот свет е заинтригиран од корона вирусот, а пејачката Емина Јаховиќ се огласи по тој повод.

Поточно, таа неодамна беше во Италија, а откако слетала во Истанбул, сними видео порака и ја сподели на социјалните мрежи.

– Еј луѓе. Сега е десет часот навечер во Истанбул. Гледам новини на телевизија за вирусот корона што се шири низ цела Европа – пејачката ја започна приказната со сериозен тон.

фото:емина јаховиќ/инсатграм

– Сакам да ја споделам со вас вознемиреноста што ја чувствувам за сè што сум слушнала за тоа. Пред една недела бев во Милано и се срамав да шетам наоколу со маска на лицето, но сега сфаќам дека е грешка. Носете маска и измијте ги рацете што е можно повеќе пати на ден. Грижете се за децата. Дајте се од себе за да се заштитите – рече Емина, обидувајќи се да ја искористи популарноста на социјалните медиуми за да влијае на сите оние што ја следат.

„Веќе видовте колку е опасен овој вирус“. Сакав да го споделам ова со вас. Ве сакам сите. Добра ноќ!

To top