Поминаа три години од објавувањето на планетарно популарниот хит „Деспасито“, на Луис Фонси.
А, кога се појави спотот, го гледаа и оние на кои не им се допаѓаше песната и тоа само поради убавата порториканска мисица Зулејка Ривера.
Нејзиниот живот после улогата во спотот целосно ѝ се променил, а манекенката во меѓувреме роди син, но и се разведе од НБА кошаркарот, Хосе Хуан Бареа.
View this post on Instagram
Манекенката освен убавината, неодоливиот шарм и заносната фигура во спотот ги покажа и танчерските способности со што ги полуде мажите ширум светот.
View this post on Instagram
Таа моментално работи како модел и водителка. Меѓутоа, сексапилната Зулејка се занимава и со фитнес, а колку ѝ се посветила на оваа работа, зборува и фактот дека самата смислила специфичен начин на вежбање за дами кои имаат над 30 години. Нејзината програма се базира на кардио вежби и посебниот режим на исхрана.
View this post on Instagram
Песната „Деспасито“ во 2017-та ги сруши сите рекорди на дигиталната платформа Јутјуб, а таа денес е на тронот, како песна со најмногу прегледи.