Македонскиот фолк пејач, легендарниот Ѓорѓи Желчески утрово почина во Белград на 82-годишна возраст. Беше роден во Прилеп во 1938 година. Бескрајно талентиран, можеби единствениот во естрадниот свет во светски рамки со 4 дипломи: музичко училиште (радио пејач и свирач на повеќе инструменти), средно медицинско училиште (санитарен техничар и лабораториски техничар), наставник во средно училиште (педагог) и ПМФ ( наставник по хемија).
Како солист на Радио Скопје, рано сфати дека не му е потребно ниту едно училиште за талентот што го носи во своите гени.
Тој зад себе ја остави сопругата, Кевсер Селимова – Кети, која беше негов единствен придружник повеќе од 60 години. И животен сопатник и дует партнер во пеењето.
„Фаталната средба“ на еден од најпознатите македонски и не само македонски фолк дуети се случила во 1959 година на Партизанските води на Златибор. На барање на Маршал Тито, се одржувал фестивал на фолклорните друштва од цела Југославија. Скопје ќе ги испрати како свои претставници КУД „Орце Николов“, во кој членувала и Кевсер Селимова, неговата подоцнежна сопруга. Желчевски бил афирмиран солист на Радио Скопје, и во таа прилика настапувал и како пејач и како конференсие.
На прв поглед, тој се заљубил во седум години помладата русокоса убавица со големи зелени очи. се родила љубов и тие почнаале да пеат и да снимаат во дует, ширејќи ја славата на македонската песна на сите меридијани.
Ѓорѓи Желчески зборуваше за себе и за неговото семејство дека се Македонци од Белград. Кети и Ѓорѓи се преселија од Македонија во српскиот главен град во населебата Дорќол, кон средината на минатиот век.