Радио Милева

Инди без влакна на јазикот: „Мене ми треба маж како сопругот на Сека Алексиќ!“

Инди без влакна на јазикот: „Мене ми треба маж како сопругот на Сека Алексиќ!“

Фолк-пејачката Индира Инди Арадиновиќ гостуваше во емисијата „Ексклузив“ по повод новата песна на која работи, а пејачката го најави своето враќање на естрадата.

Тема на разговорот беше нејзината тежина, а Инди  без влакна на јазикот рече дека ќе изгледа совршено ако за неа се грижи сопругот на нејзината колешка Сека Алексиќ, Вељко.

– Се нервирам од овие коментари, цело време дали Инди ослабела, објавив многу песни, а тие само за килограмите. Јас би изгубила тежина ако имав строг партнер, како Сека што го има Вељко. Тој од неа го извлече максимумот. Јас сум слична на неа. Ако ме фатеше таков, јас ќе изгледав топ, ми треба таков. Како што се надеваше Сека, добро се омажи – изјави Индира.

фото:индира арадиновиќ/инстаграм

Пејачката потоа повторно изненади со коментарот дека оружјето ја следи низ животот.

– Ме сакаат мафијаши, тие се мои обожаватели. Пиштолите ме следат низ животот, оваа мафијашка енергија, не е случајна. Ме сакаат млади и стари и „пиштоли“, не сум типично женско, не сакам цвеќиња – објасни Инди и рече дека се враќа на сцената во полн сјај.

фото:индира арадиновиќ/инстаграм

– Немам човек затоа што сум премногу паметна. Јас се занимавам со себе и повеќе не се занимавам со машките модели на лаги и нивниот дизајн. „Нема место за тоа во мојот живот“, одлучна е Инди.

To top