Последната односно четвртата сезона на серијата „Преспав“ заврши кон средината на јануари, а веќе фановите се натрпение очекуваа да започне новата сезона.
Иако се уште нема точно детали кога започнуваат снимањата и кога петотто продолжение на серијата ќе излезе во етер, на првиот канал на МРТ се емитуваат репризните изданија.
Четвртата сезона на „Преспав“ уште еднаш ги сруши рекордите, а инспектор Томе, Талат, Ула и Коста, Јелена од Драчево, собарката Исуара заедно како тим ги насмеа гледачите.
Деновиве, актерот Горан Стојановски или познат како инспектор Томе од „Преспав“ гостуваше во „90 секудни“ каде што одговараше на разни прашања.
На прашањето дали е тешко да се биде инспектор, тој вели дека не е тешко туку дека тоа е најубаво на светот.
Кој те нервира најмногу во пансионот?
„Сите до еден, вклучувајќи ме и мене“ вели инспектор Томе.
Инспекторот имаше задача да ја опише Преслава во три збора.
„Што убава си, што убаво ти стојат хеланките….и толку со два збора можеш да ја опишеш“.
На прашањето што ќе работеше да не е инспектор, тој вели дека ќе бил виши инспектор.
Целото видео може да го погледнете во продолжение.
За потсетување, во последната сезона и доста возбудлива епизода, пансионот пропадна поради неплатениот кредит на Миле, па се случи лицитација на која присутните наддавачи, а и гледачите се шокираа од спасителот кој понуди милион евра да го купи пансионот.
Спасителот кој дојде на коњ со полна торба пари, беше ни повеќе ни помалку, туку актерот Владо Јовановски кој во втората сезона беше заменет со Игор Џамбазов како Миле Бузалевски.