Пејачката Бритни Спирс ја скришила ногата додека танцувала и итно е хоспитализирана. Нејзиното момче Сем Ашгари на својот „Инстаграм“ објави фотографија од пејачката во болница.
Тој откри дека Бритни го скршила стапалото, а пејачката е сместена во соба за итни случаеви.
-Кога нешто ќе скршиш, тоа зараснува посилно, особено кога си моја девојка. Мојата лавица скрши коска на стопалото правејќи тоа што најмногу го сака, танцувајќи. И посакувам брзо опоравување да може да скока, трча и танцува, напиша Сем.
Нејзините фанови и посакаа брзо оздравување. Во последно време. Бритни е на мета на удари поради нејзината неуреденост. Многу го забележуваат нејзиното изморено лице, несредената шминка и фризура.