Старата нетрпеливост резултираше со нова војна на ѕвездите Милица Павловиќ и Снежана Ѓуришиќ. Рака на срце, „Ѕвездата на „Гранд“ беше прва што отвори оган врз повозрасната колешка, во емисијата во живо со Огњен Амиџиќ, каде Милица учествуваше во една од зададените игри. Поточно, Павловиќ извлече прашање на парче хартија кое одби да го прочита на глас, но, затоа даде гласен и јасен одговор.
„Одговорот е Снежана Ѓуришиќ. Најлошото прашање што сум го добила некогаш. Срцето ми прескокнува, не ми е добро“ – се жалеше Милица Павловиќ, по што таа веднаш го искина ливчето хартијата, не дозволувајќи никому да го прочита прашањето.
На него пишувало: „Кој личност на е страдата е најиритантна?“, па Милица ја посочи Ѓуришиќ.
Милица со години и е лута на Снежана и не може да и прости за коментарите што ги даваше на нејзината сметка, додека секси сењорита се пробиваше по патот кон sвездите.
Нетрпеливоста помеѓу фолк дивата и „Гранд“ ѕвездата се најде уште од музичкиот натпревар „Гранд ѕвезди“ што ја прослави Милица. Тогаш Ѓуришиќ никако не и даваше поддршка во јавноста на Милица.
Коментарот на Снежана Ѓуришиќ од шминкерницата сè уште се прераскажува во Гранд, кога некои колеги и сугеририраа дека таа го поддржува Павловиќ, на што возвратила: „Јас не поддржувам мрдање на нечије га*е, туку само пееење. Дали некој ќе се обеси на сцена или ќе се појави гол, не ми е гајле, за ме не е исто. Јас само ги поддржувам младите луѓе кои покажуваат дека знаат да пеат.
Овој коментар подоцна ќе дојде до Милица, која го искористи моментот во шоуто на „Ами Џи“ за да ја реваншира“.