Радио Милева

Еве колку и плаќа Роналдо на саканата за да му ги чува децата – дали Џорџина е мајка или бебиситерка?!

Еве колку и плаќа Роналдо на саканата за да му ги чува децата – дали Џорџина е мајка или бебиситерка?!

Кристиано Роналдо и Џорџина Родригез сигурно се еден од најпознатите љубовни парови во светот.

Роналдо и Џорџина веќе неколку години се во љубовна врска, а заедно ја имаат и ќерката Алана Мартина. Исто така Џорџина се грижи за другите три деца на фудбелерот.

Од врската со Роналдо, таа се подреди на семеен живот, но јасно е дека живее на високо ниво. Џорџина заработува многу со објавените фотографии на Инстаграм каде што рекламира разни брендови. Од објава добива околу 8.000 евра.

фото:Инстаграм/кристиано роналдо

За да не се грижи за ништо Роналдо според информациите на „Кориере Дело Спорт“на нејзината сметка секој месец и уплаќа по 100.000 евра.

Ова и не е некое големо изненадување ако се знае колку Роналдо заработува од Јувентус и спонзорските договори. Само од Јувентус Португалецот добива 30 милиони евра по сезона.

To top