Неполна деценија откако поранешната пејачка Ноне Неделковска се збогува со музичката кариера и се посвети на работата на брод.
По осум години работа на море Ноне напредуваше и стигна до позицијата советник за убавина на фришоп која носи поголема одговорност.
Иако постојано е на различна дестинација од светот, таа е во постојана виртуелна комуникација и активност со своите роднини, пријатели, следбеници, а не ретко знае да си дојде во родното Велес.
Кога пак не е на домашен, туку на воден терен, Ноне е доста активна на социјалните мрежи каде редовно споделува како и мунуваат деновите, кога е на работа, но и кога е слободна.
Овој пат се пофали со нова фризура, со каква досега не сме ја виделе. Веќе неколку години долгата црвена коса е нејзин заштиитен знак, а дали се решила само за перика или пак навистина направила драстична промена, не знаме. Сепак, ова ново издание одлично и прилега.
-Нема повеќе црвена коса, пишува таа во описот на фотографијата каде позира со колешките.
Инаку, во врска со работата на брод Ноне своевмремено за „Женски магазин“ изјави:
„ Веќе осум години работам на брод, само што сега имам поголема одговорност како менаџер, не е лесно различни националности и култури да усогласиш да работат со иста енергија, разбирање и почит. Денот ми завршува исто како што ми почнува, се трудам да ја намалам динамичноста кон крајот на денот и да ја поминам вечерта во мирна и тивка атмосфера“, раскажа Ноне.