Радио Милева

Актерката го остави Ал Пачино, па во медиумите удри по него: „Не сакаше да троши пари“

Актерката го остави Ал Пачино, па во медиумите удри по него: „Не сакаше да троши пари“

Ал Пачино (79) и неговата израелска колешка Миетал Дохан повеќе не се заедно.

Ова вест ја потврди и актерката која исткана дека е тешко да се биде со постар човек, па макар тоа е да е Ал Пачино.

„Тешка е разликата во годините. Се обидов да оправдам, но да бидеме искрени, тој сега е стар човек. Ни покрај мојата љубов, не можеше да потрае“ изјави актерката за „The times“.

фото: принтскрин/инстаграм

Дохан исто така истакна дека Ал Пачино е скржав кога станува збор за трошење на пари.

„Секогаш ми купуваше само цвеќе. Како на културен начин да кажам дека не сакаше да троши пари?“  праша актерката.

Таа откри дека со Ал Пачино неодамна се скарале и го оставила, но дека и понатаму го сака и почитува и додаде дека е среќна што била со актерот кога најмногу му било потребно.

To top