Пејачката Милица Тодоровиќ вели дека ја познава поранешната сопруга на нејзиното момче, актерот Петар Стругар.
Петар беше во брак со неговата колешка Ивана, а заедно имаат син Зари, а Тодоровиќ имаше само пофални зборови за екс сопругата на својот партнер.
„Се знаеме. Ивана е прекрасна, феноменална личност и цар. Ние сме во супер односи. Синот исто така е прекрасно и препаметно дете. Тоа е реткост, но со мене тоа не е проблем. Кога ќе запознаеш нормални луѓе, ништо не е тешко“ вели Милица.
За потсетување, Милица неодамна призна дека Петар е грижлив татко.
„Да, да. Петар е многу добар татко, се грижи за Зари“ изјави Милица.
За потсетување, Милица и Петар ја обелоденија својата врска во „Амиѓи шоу“, а заедно се повеќе од 3 месеци.