Вчеравечер во естрадниот магазин „Бекстејџ“ гостуваа старлетите Драгана Спасовска и Нора Недкова од Бугарија.
Во рамки на интервјуто, двете зборуваа за нивните професии, па открија дека во соседна Бугарија понекогаш ги нарекуваат „лесни жени“.
Признаа и дека одвреме – навреме знаат да им извадат и по некоја муабет дека имаат „тарифа“ и се дружат исклучиво со богати и реализирани мажи, нешто што тие остро го демантираа.
Во еден момент, водителот Миро Кацаров ја праша Нора дали може да му покаже некоја секси експлицитна фотографија од неа, со оглед на тоа што сама се пофали дека гола се сликала за „Плејбој“.
На тоа таа му возврати спо покана да одат заедно до тоалет за тој да ги соблече ѓаќите, па си замина од интервјуто и го напушти снимањето.
Што точно се случуваше и што е она што Нора ја изреволтира, погледнете во видеото во продолжение:
Фото: Инстаграм принтскрин