Важи за една од најубавите жени во светот и еден од најбараните модели, а на Емили Ратајковски одлично и оди рекламирањето на костими за капење чиј дизајнер е таа.
Имено, откако пред три години започна сопствена линија на костими за капење, моделот сфати дека таа може најдобро да ги рекламира.
Емили на социјалните мрежи објави неколку секси фотографии од Јамајка на кои позира во минијатурно бикини.
Моделот неодамна се најде на ударот на негативни коментари кога многумина ја критикуваа дека претерено користи фотошоп.
Многумина сметаат дека таа претерува со ова алатка за уредување на фотографии, но на нејзините последни фотографии таа го покажа своето згодно тело.
Ратајковски моментално се одмара на Јамајка заедно со својот сопруг со кој е во брак од 2018.
За потсетување, Емили неодамна го претстави својот нов модел на костим за капење, па во него позираше на плажа, а во прв план ги беа нејзините бујни гради.