Радио Милева

Аки Рахимовски доби ќерка со 27 години помлада партнерка

Аки Рахимовски доби ќерка со 27 години помлада партнерка

Пејачот на групата „Парни Ваљак“, Ахи Рахимовски (64) повторно стана татко. Имено, тој пред 3 месеци го добил третото дете, а прво со 27 години помладата партнерка Барбара Весел, пишува 24сата.хр

Ова вест прв ја објави хрватскиот РТЛ Ексклузив кој дозна дека пејачот и Барбара која живее во Словенија ја добиле ќерката Антонија.

„Се е одлично. Девојчето се вика Антонија. Задоволна сум со Аки“, изјави Барбара, а соседите потврдиле дека го виделе пејачот како го шета бебето.

Аки се преселил во Словенија кај својата партнера, тврди РТЛ.

Ова на пејачот му е трето дете. Познато е дека го има синот Кристијан кој исто така е музичар и ќерката Дора.

фото: ата имагес

To top