Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ е во повеќе годишна врска со момчето Ѓорѓе Куљиќ.
Меѓутоа, пејачката е резервирана за јавноста кога станува збор за нејзиниот приватен живот, па така речиси никогаш не го покажува момчето во јавност.
Деновиве, Анастасија и Ѓорѓе заедно отпатуваа на заеднички одмор на Тајланд каде уживаат и ги полнат батериите.
Имено, таа на социјалните мрежи не објавува заеднички фотографии со партнерот и не го експонира јавно.
Сепак, на „Инстаграм“ се појави заедничка фотографија од Анастасија и Ѓорѓе. Имено, ќерката на фолк дивата е фотографирана како ужива во базен заедно со момчето и неговиот пријател и кума.
Насмевката на Анастасија покажува дека ужива во оваа прекрасна дестинација.