Радио Милева

Ана Николиќ одново колабирала, но наместо сегашното момче, повикала некого друг да дојде во болница! (ФОТО)

Ана Николиќ одново колабирала, но наместо сегашното момче, повикала некого друг да дојде во болница! (ФОТО)

Откако на снимањето на новите спотови во Мароко и се слошило и морала да прима инфузија, по враќањето во Србија, Ана Николиќ повторно колабирала и завршила во болница. Бидејќи ова е втор пат во краток период да и се случи тоа, Николиќ побарала лекарска помош.

Била сместена во болничката амбуланта каде веднаш добила инфузија. Она што може да се дознае од извори на клиниката сите ги изненади. Ана го повикала никој друг, туку нејзиниот поранешен сопруг Раста, а не сегашниот избраник. Болнички извор открива дека раперот се појавил со брзина на светлината и ги барал лекарите низ клиниката да се распраша, што се случува со неговата поранешна сопруга?

„На Ана и олесна кога го виде. Раста веднаш притрча и почна да ја гушка и да ја теши. Се виде дека не и е сеедно и дека е многу и значи неговото пристигнување. Мислам дека тие двајца повторно ќе бидат заедно. Без разлика на се… Какви нови партнери, тоа се само минливи приказни. Можеше да се види дека Ана и Раста сè уште се сакаат. Сепак, тие имаат заедничко дете кое ќе ги врзува за цел живот. Тој чекаше со неа со часови додека таа ја примаше инфузијата и ги правеше потребните анализи. Тие останаа на клиниката со часови, но за среќа, излезе дека не беше ништо сериозно, па ја пуштија да си оди дома истиот ден. Видов дека тие заедно влегоа во неговиот автомобил и тој и помогнал да се качи зашто таа беше исцрпена, после непроспиената ноќ“ – изјавила медицинска сестра за Свет, пренесуваат српските и регионалните медиуми.

Се шпекулира дека Стефан Ѓуриќ  раста започнал љубовна врска со Гранд ѕвездата Лена Чолак, но новата двојка се обидува деталите за нивната врска да ги задржи за себе и да останат строго доверливи.

Извор:Свет

Фото: Мондо/Инстаграм принтскрин

To top