Бугарската старлета и мисица Жанета Осипова уште еднаш докажа дека се чувствува далеку поудобно кога нема ништо на себе. Русокосата, која често провоцира со предизвикувачки фотосесии на социјалните мрежи, одново ги вжешти страстите, но овој пат до крајност, затоа што таа се фотографираше сосема гола, не оставајќи и ништо на имагинацијата.
Осипова, која е победник на „Мис Плејмет 2018“, покрај тоа што ќе ви го закова погледот за нејзините голи пози, се обидува и да ви ги разубави мислите додека го тестира вашето либидо.
Се разбира, тоа не се мудри мисли на сексапилната блондинка, туку внимателно избрани туѓи копи-пејст фрази.
„Сите ние имаме несомнени резерви на внатрешна сила што се манифестираат кога нашите животи ќе бидат ставени на тест“ – напишала во цитатот под текстот на една од голите фотографии Жанета.
Но судејќи според коментарите подолу, тешко дека некој обрнал внимание на она што беше напишала русокосата убавица. А како и би, кога Жанета е гола ракета!
Фото: Фејсбук принтскрин
Извор: Блиц.бг