Радио Милева

Емотивна исповед на Весна Змијанац: „Изгубив два сина, едниот спонтан абортус ми се случи зад сцена на концерт“

Емотивна исповед на Весна Змијанац: „Изгубив два сина, едниот спонтан абортус ми се случи зад сцена на концерт“

Весна Змијанац е една од најголемите регионални ѕвезди, но во нејзиниот живот помина низ добри и лоши ситуации.

Од бракот со Владо Јовановиќ ја доби ќерката Николија, а додека беше со него отворено зборуваше дека имала два спонтани абортуси.

фото: Пинк.рс/к.ристиќ

„Нашето прво дете, синот, Владо и јас го изгубивме во 1986 година кога бев во седмиот месец од бремноста. Спонтаниот абортус се случи за време на паузата на концертот во Младеновец. И не ми забележувајте што таа сцена не можам да ја опишам и денес кога помина толку многу време, бидејќи тоа е една од оние болки која се уште боли. Кога и да се сетам на тоа, ме боли стомакот и секогаш се казнувам со прашањето дали сум виновна за тоа што ми се случи? По неколку недели од случката, додека болката се уште беше свежа, сакав и јас да исчезнам, да ме нема“  напиша Весна во својата автобиографија „Кад замиришу јорговани“.

фото: Пинк.рс

Слична ситуација и се случила една година подоцна.

„Другиот син, го изгубив под речиси исти околности во 1987 година. Тогаш се прашував, а и денес понекогаш се прашувам – со што заслужив да ми се случи тоа што ми се случи. Животот ми беше таков како што ми беше, ми даде шанси – ги искористив како што знаев. Многу работи можев да ги направам поразлично. Но, сеедно, мислам дека доволно платив и дека со својата мака одговорив на сите прашања кои си ги поставував на себе. Мислам дека прескапо платив. Мислам јас, а мислат и моите неродени синови“, пишува Весна.

Во 1989 година Весна ја роди својата ќерка Николија која тргна по стапките на нејзината мајка.

To top