Шармантната водителка на најпопуларното кулинарско ТВ шоу кај нас, покрај шефовите Марк и Никола, Филип и Бобан, е главната ѕвезда во „народната ТВ кујна“, чие мени заедно со готвачи го креираат натпреварувачите од публиката.
Водителката пред четири години го кажа судбоносното „ДА“ и тогаш беше прекрасна невеста… во бело. Свадбената фотосесија потсетува дека Александра навистина изгледаше и елегантно и отмено и заводливо…
Меѓутоа, водителката при крајот во месец феверуари повторно ќе блесне во невистински фустан.
Имено, десетиот јубилеен Саем на венчавки ќе се одржи од 21 – 23 февруари.
Славни водителки, манекенки и јавни личности кои се кријат во тајност, ќе бидат невести на 10.
Водителката на „Брза кујна“ повторно ќе биде домаќин на најголемиот настан од сферата на свадби.
Саемот ќе биде отворен за посетителите сабота и недела од 09-до 20ч, а влезниците се купуваат во самиот хотел. На програмата се закажани 10 индивидуални модни ревии на дизајнери и моден перформанс за накит.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/voditelkata-na-brza-kujna-pak-vo-belo-aleksandra-vo-fevruari-povtorno-oblekuva-nevestinski-fustan-foto/
За потсетување, ова не е првпат Александра да биде домаќин на „Саемот на венчавки“.
Доколку пред Вас е големиот ден, „Саемот на венчаници“ е вистинското место кое треба да го постетите.