Александра Младеновиќ, без влакна на јазикот, одговараше на незгодните прашања од нејзиниот живот.
„Точно е дека сум работела на нива. Знам да ги работам сите полјоделски работи. Ги научив помагајќи им на моите родители, кои немаа друг излез како да не прехранат“ – искрена е пејачката!
На почетокот на кариерата таа настапувала за едвај 2.000 денари.
„Јас, исто така, пеев гратис за пријателите, роднините, соучениците кога започнав.Кога имав 11 години, 2.000 денараи за мене беа многу пари“ – раскажува Александра.
Сега, што се однесува до мене можам да заработам многу добро, па дуруи да земам и 10 просечни српски плати за само едбна вечер од бакшиш„ – тврди Младеновиќ, и додава: „Но најпрвин мора многу и да се инвестира“.
Кога е љубовта во прашање, Александра тврди дека нема повеќе од пет сериозни врски, па дури ни толку во животот. Таа исто така ги негира шпекулациите дека една од нив бил и синот на Лепа Брена, младиот Виктор Живојиновиќ.
Тој е навистина добро момче и убав човек, но Виктор не е мој тип.Никогаш не сме имале ништо“ – категорички тврди пејачката, која го завршува разговорот со негирање дека и се случило на некој од нејзините настапи да биде напаствувана:
„Се случувало да има непријатни ситуации, да бидат пијани, безобразни и груби, но со таквите ситуациии треба да знаете како да се справите.Таков е овој бизнис“ – завршува Александра Малденовиќ.