Радио Милева нема љубов без прељуба?

Пред Жељко, Јована Јоксимовиќ беше 5 години во врска и 15 дена верена со овој познат Србин (ФОТО)

Пред Жељко, Јована Јоксимовиќ беше 5 години во врска и 15 дена верена со овој познат Србин (ФОТО)

До 2008 година, Јована Јоксимовиќ била во љубов со Александар Зеремски, поранешен директор на БК Телевизија, кој од неа е постар 12 години. Таа го напуштила кога го запознала Жељко Јоксимовиќ.

Убавата презентерка Јована Јоксимовиќ во 2008 година, беше во центарот на вниманието кога медиумите почнаа да шпекулираат дека презентерката започнала врска со пејачот Жељко Јоксимовиќ.

Целата ситуација беше дополнително интригантна затоа што Јована беше во петгодишна врска со тогашниот директор на БК Телевизија.

После неколкумесечен молк, Јована и Жељко ја признаа својата љубовна романса.  Јована дури сега ја откри вистината за нејзините чувства во тој период. Како што истакна во едно интервју, таа чувствува дека била искрена и дека ги следела своите чувства и одлучила да биде со својата љубов Жељко.


Патем, Александар е 12 години постар од Јована, а тие биле заедно пет години. Само 15 дена пред да пукне нивната врска Зеремски и Јована направиле веридба.

По две недели, Јована, наводно, го оставила вереникот заради Жељко, како што се шпекулираше, а потоа ја обелодениле врската, а потоа влегоа и во брак.

По ова, Александар Зеремски започна врска со пејачката Александра Радовиќ.

Фото: Дамир Дервишагиќ/Инстаграм принтскрин

To top